Спорт плус
30. August 2015 - 9:19

Дибаба светска шампионка во маратон

Маре Дибаба од Етиопија е светска шампионка во маратон откако денеска во Пекинг на Светското првенство најбрзо ја истрча маратонската трка. Таа во неизвесна завршница беше побрз од конкурентките Хела Кипроп (Кенија) втора и Јепкиру Кирва (Брунеи) трета.

Резултати на првите три маратонки:
1. Маре Дибаба (Етиопија) 2:27.35 часа
2. Хела Кипроп (Кенија) 2:27.36
3. Јепкиру Кирва (Брунеи) 2:37.39
 
Попладнево на програмата се последните шест финални дисциплини: скок во височина (мажи), фрлање копје (жени), 5.000 метри (жени), 1.500 метри (мажи), како и двете штафети 4 х 400 метри во двете конкуренции.