Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиени информации од Секторот за комунални работи при Град Скопје.
Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци е најавена за утре во раните утрински часови. Дезинсекцијата со прскање од земја против возрасни форми на комарци, според најавата, ќе се реализира од 30 септември до 3 октомври - од понеделник до четврток, во период од 21 до два часот, наредниот ден.
- Прскањето по земја против ларви од комарци, ќе се реализира во текот на денов. Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се додава во соопштението на ЦУК.
Се препорачува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.
- Регионалниот ЦУК - Скопје информира дека денеска, во период од осум до 18 часот, во повеќе наврати ќе се извршува планирано минирање на терен на локалитет кај селото Горна Бањица, општина Гостивар, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан
-
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница