Македонија
2. July 2016 - 16:12

Девојки од Бугарија ограбуваат патници во автобусите на ЈСП

И ова лето џепџии од Бугарија крадат по автобуси во Скопје.

Полицијата фати две бугарки  на возраст од 21 и 57 како од  џеб на скопјанец му  украле паричник со  5000 денари и лични документи.

Кражбата ја сториле  возејќи се  од една до друга постојка.

Бугарките се качиле на станицата кај Зелен пазар а со украдениот паричник се симнале на Рекорд. Двете жени ја искористиле гужвата на пладне и барале жртва меѓу патниците.

Едната  се туркала во оштетениот за да му го одвлече вниманието а другата протнала рака и го извадила паричникот.

До сега полицијата има фатено многумина државјани на соседна Бугарија.

Џепните кражби во главниот град се неизбежни и претежно се од државјани на соседна Бугарија.

Крадците најчесто  ловат по автобуси, постојки, трговски центри и пазари.

Инспекторите за кражби фатиле и скопјанец  на возраст од 65 години како краде мобилен телефон од палто на автобуска станица спроти холидеј ин.

Старецот и е познат на полицијата по имотни деликти и до сега бил 8 пати пријавуван.