Девојката паѓа од гребенот, а тој ја трга ногата и ја пушта долу: Еве ги деталите од настанот што го вознемири светот
Минатогодишната видео снимка на која може да се види девојка како паѓа од гребенот во море ја возенмири јавноста. За оваа снимка долго се полемизираше, а тогаш не се знаеше ниту идентитетот на девојката ниту дали се здобила со повреди по падот. Меѓутоа сега се разоткрија детали за случајот.
Многумина се сеќаваат на моментот кога девојката има намера да скокне во морето, но во последен момент се двоуми. Меѓутоа тогаш почнува да се лизга, а во желба да се задржи на каменот се фаќа за стапалот на мажот кој седи покрај неа. Она што многумина шокираше е реакцијата на мажот кој ја повлекува ногата и девојката ја пушта во вода.
Мажот што ја направи снимката се вика Александар Тихомиров, а откри дека жената на снимката е неговата поранешна сопруга и руски модел Мери Шум. Човекот кој одбил да и помогне е познатиот руски режисер Џеј Алварез.
-Мери по падот од карпата ништо не скрши, но ги повреди стапалата, задникот и грбот. Потоа отидовме во болница, не можеше неколку дена да оди. Но на крајот се беше добро, рече нејзиниот поранешен сопруг. Многумина го осудија режисерот што одбил да и помогне на Мери, а Тихомиров објасни дека Алварез не е виновен.
-Не ја помрдна ногата затоа што е кретен, туку затоа што се се одигра во секунда, рече тој.
Два месеци подоцна Шам и Тихомиров се развеле, а во бракот добиле едно дете.
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии