Свет
17. December 2015 - 14:42

Девојка скокнала под воз бидејќи ја силувал пријател од Фејсбук

Анаид Тутгушиан (14) од Полска скокнала под воз ден откако ја силувал пријател кој го запознала на Фејсбук. Поточно, најпрво Анаид на Кристиан В. му рекла дека има 25 години, а кога почнале подобро да се запознаваат, му рекла дека има 17 години, но тоа не му сметало на Кристиан, пишува mirror.co.uk.
 
Веднаш по состанокот, Анаид се вратила дома плачејќи, а следниот ден извршила самоубиство. Таа заминала на железничката станица во Гдањск каде 20 минути седела и плачела, а потоа станала ја соблекла јакната и скокнала пред експресен воз кој доаѓал од Виена.
 
Мајката на несреќната девојка сакала да дознае што се крие зад самоубиството па така го отворила профилот на Фејсбук каде го пронашла разговорот со Кристиан.
 
Понатаму откриено е дека тој комуницирал и со други девојки, а по погребот мајката дознала од нејзина другарка дека таа била силувана.
 
Анаид пред да се самоубие се јавила на нејзината другарка и кажала дека била силувана и веднаш ја затворила слушалката и се скокнала пред возот.