Девојка од Охрид нова жртва од грип во Македонија
25 годишна девојка од Охрид завчера починала на КАРИЛ поради компликации од свински грип. Пациентката на Клиниката за анестезија и реанимација била 10 дена поради други заболувања. Ова е втор смртен случај од вирусот за три дена. Во вторникот на Клиниката за детски болести почина и петгодишно дете кое било во тешка состојба, а претходно го лекувале во болницата во Козле од воспаление на белите дробови.
-И двата случаи се со коморбидитет. За детето утврдивме дека имало астма а девојката на КАРИЛ што почина била со Даунов синдром. Починале поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб, изјави Жарко Караџовски, епдиемиолог во ИЈЗ.
Состојбата со грип станува алармантна и за 7 дена има над 1700 заболени, што е трипати повеќе од претходната недела. Епидемиолозите велат дека веќе е зафатена и школската популација а во лабораторијата на ИЈЗ најмногу потврдени случаи има од АХ1Н1, односно свински грип. Од Комисијата за заразни болести упатиле известување до здравствените установи да обезбедат тамифлу, кој треба да го даваат на пациенти кај кои за 24 часа нема подобрување на состојбата.
-Помислата дека грипот заврши не е точна. Очекуваме бројот на заболени да расте како и во цела средна Европа и тоа од типот Х1Н1. Лани имавме тип Б, сега од него нема ни трага така да оние кои не прележале свински грип сега имаат големи шанси да заболат и да дојде до потешки компликации. А тоа е воспаление на белите дробови, на синусите и на мозокот, вели Караџовски.
Од последните регистрирани 1752 заболени, повеќе од илјада се од Тетово и Гостивар. Инаку во земјите од регионот има голем број на смртни случаи како последица од грипот.
Сања Димитровска, Сител ТВ
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница