Живот
25. December 2015 - 22:07

Девојче со леукемија донира 1.300 играчки за деца болни од рак

donacija-igracki

Осумгодишно девојче со леукемија го одушеви светот со својот гест. Таа барем за момент заборави на својата болест и израдува деца кои водат тешка борба со ракот.

Малата Сејди организира добротворна акција за да собере подароци за болни дечиња кои се принудени да го поминат Божиќ во болница.

Со помош на мајка си, Сејди ја започна акцијата „Sadie’s Sleigh“ (Санката на Сејди).

1donacii-igracki1-640x401

Нејзината несебична постапка резултираше со околу 1.300 донирани подароци кои ќе измамат насмевка на лицата на многу болни деца.

Целта на Сејди била да собере 300 играчки, но на нејзина голема радост, добродушни лица донирале речиси 1.300 подароци.