Девојче првото новороденче во Битола

Првото новородено бебе во 2016 година во Битола е девојче. Како што соопштија од битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, бебето е родено веднаш по полноќ, во првиот ден од новата 2016 година. Родителите на девојчто се од Крушево.
Мајката и новороденчето, според востановената традиција, денеска напладне ги посети градоначалникот на општина Битола Владимир Талески кој им врачи цвеќе и паричен подарок во висина од 15.000 денари.
- По синоќешната прекрасна вечер на плоштадот „Магнолија“ каде за битолчани, но и за гостите од државата и странство, музичките ѕвезди приредија вистински спектакл, ова е уште еден најважен, прекрасен момент од нашата традиција - посета на првата родилка и првото новороденче во битолската болница. Се радувам што овој регионален здравствен центар ноќеска имаше мирна ноќ и што на најубав можен начин ја почнавме новата 2016 година, рече меѓу другото Талески.
Тој заедно со новинарите ја посети и специјалната болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ каде првото новороденче е машко дете на родители од Охрид.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
