Живот
21. November 2017 - 12:09

Девојче кое ретко се смее - приказна која мора секој родител да ја прочита

Млад брачен пар влегува во продавница. Мажот и жената долго време ги меркаат шарените играчки кои биле наредени на полицата. Тука имало кукла која се смее и која плаче, електрична гитара, минијатурни кујни во кои може да се печат и торти.

Не можа да се одлучат. Им пришла млада и отмена продавачка.

„Видете”, објaснува жената, „ние имаме мало девојче”, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер”.

„Станува збор за девојче кое ретко се смее”, продолжил човекот.

– Сакаме да и купиме нешто што ќе ја усреќи”, повторила жената, „ И кога ќе не нема нас…Нешто што ќе ја развесели кога ќе биде сама”.

„Жал ми е”, љубезно се насмевнала продавачката „Ние не продаваме родители”.