Македонија
1. April 2019 - 10:12

Девојче (16) и старец искасани од кучиња во Скопје

Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 30.03.2019 околу 18.50 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ неговата 16 - годишна ќерка била касната од куче скитник.

Истиот ден во 18.35 часот во Полициската станица Драчево, Б.А.(86) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.