Свет
2. September 2017 - 15:04

Девет ученички загинаа при пожар во интернат во Најроби

Седум кениски тинејџерки загинаа, а 10 ученички се префрлени во болница, откако рано утрово избил пожар во училишен интернат во Најроби, соопштија локалните власти.

- Засега не е позната причината за пожарот, а Владата наложи женското училиште „Мои“ да се затвори две недели додека трае истрагата, изјави министерот за образование Фред Матијанџи. 

Тој истакна дека пожарот избил во училиштето во два часот по полноќ во една од собите за спиење, нагласувајќи дека во образовната установа, која е една од најдобрите во Кенија и со која се гордее земјата, има околу 1.200 ученички.