Свет
19. April 2020 - 16:55

Девет лица загинаа во свлечиште во напуштен рудник во Индонезија

Девет лица загинаа од свлечиште во илегален рудник во провинцијата Јужна Суматра во Индонезија, објавија локалните медиуми во неделата, пренесе ДПА.

Порталот Компас.ком објави дека осум мажи и една жена илегално работеле на вадење злато од напуштениот рудник во областа Јужен Солок, кога вчера дошло до свлечиште.

Портпаролот на полицијата, Имам Јулисјанто, за ДПА изјави дека локалните власти ги пронашле жртвите рано утринава.

Тој додаде дека рудникот бил затворен и локалните жители два месеца биле предупредувани да не работат во него.