Македонија
19. May 2016 - 10:28

Девет лица повредени во сообраќајката синоќа во Куманово

Девет лица, меѓу кои и еден малолетник посериозно  се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 20.40 часот,  на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
 
На повредените  укажана им е лекарска помош во Медицински центар  Куманово, а девојчето родено 2009 година кое се здобило со тешки телесни повреди, по укажаната помош во кумановската болница е префрелна во Ургенетен Центар во Скопје и е надвор  од животна опасност.
 
Како што појаснуваат од СВР Куманово, во сообраќајката се судриле автомобил „шкода“ и „сеат ибица“ со кумановски регистарски таблички.„Шкодата“ ја управувала 20 годишната М.Л. која се движела од центарот кон периферијата, а со „сеат ибица“ управувал Н.Р (1998) кој се движел во спротивна насока. Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“, а „шкодата“ се движела право, дошло до судир на двата автомобили. „Шкодата“ продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“, сопственост на 39 годишната Е.В и во двајца малолетни пешаци родени 2009 и 2011 кои се движеле на тротоарот. СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата.