Живот
22. December 2017 - 14:00

Детство зад решетки: Татко секое утро пред да оди на работа, синот (9) го заклучува во дрвен кафез

Самохран татко повеќе не знаел на кој начин да го спречи синот да лута по шумата па смисил контроверзно решение.

Чамнан Дуангџан (38) од Тајланд синот од девет години секое утро го заклучува во дрвен кафез, а дури навечер го пушта надвор. Тоа го прави веќе пет години откако детето во една сообраќајна несреќа ја повредило главата.

Мајката на детето ги оставила и за него сега се грижи само таткото кој не знаел на кој начин да го спречи синот да лута по околните шуми. Додека таткото е на работа, детето низ решетките го хранат соседите.

Чамнан тврди дека се обидел на му помогне на детето и дека повеќе не знаел што да направи.

-Секој ден бегаше во шумата. Го наоѓавме како гол шета далеку од куќата. Го водевме по болница, ама симптомите не се повлекоа. Ставува дека ќе биде во опасност, рече таткото.

Вели дека му е жал за детето, но и дека останал без други опции. Локалните власти сега покренаа истрага за случајот и му дадоа на таткото еднократна парична помош.