Детектор: Македонските граѓани се многу загрижени – над 40% сметаат дека ќе се заразат со корона вирусот
Над 40% од граѓаните стравуваат дека ќе се заразат со Корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 10,2% од граѓаните сметаат дека најверојатно ќе се заразат со корона вирусот додека 31% сметаат дека можеби ќе се заразат. 24,1% се на ставот дека веројатно нема да се заразат, додека 12,1% се сигурни дека нема да се заразат.
38% од граѓаните велат дека се премногу загрижени околу состојбата со корона вирусот. 34,5% од анкетираните се многу загрижени, а 21% до некаде загрижени. Малку загрижени се само 3,9% од анкетираните додека 2,3% граѓани рекле дека епидемијата на корона вирусот воопшто не ги загрижува.
Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители