Детектор анкета: Секој петти работник е жртва на мобинг
Секој петти работник бил жртва на мобинг, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 21,5% од анкетираните велат дека или тие, или некој нивни близок бил жртва на мобинг, додека 71,8% од анкетираните велат дека немале ваков проблем.
Деталната анализа на податоците покажува дека повеќе жртви на мобинг има во приватниот отколку во јавниот сектор. 29,6% од анкетираните кои работат во приватниот сектор велат дека или тие или некој нивни близок биле жртви на мобинг, додека овој процент во администрацијата е на ниво од 23,5%.
Поделбата според етничката припадност покажува дека едничките Албанци почесто се соочуваат со мобинг од етничките Македонци. Па така, 27,9% од анкетираните етнички Албанци велат дека или тие или некој нивни близок бил жртва на мобинг, додека само 19,4% од етничките Македонци тврдат дека го имаат истиот проблем
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет