Дете загина во Канада откако полицијата пукала за да спречи негово киднапирање
Во инцидент во кој канадската полиција отворила оган кон камионет на човек осомничен за киднапирање, убиено е едногодишно дете.
Сè уште не е потврдено дали момчето било убиено од куршуми испукани од полицијата.
„Прерано е да се знае зошто точно полицијата пукала во возилото и што точно се случило после тоа“, изјави портпаролката на полицијата, Моника Худон, а пренесе „Гардијан“.
Во четвртокот наутро, полициска станица во Онтарио, добила пријава за можно семејно насилство и сомневање дека татко го киднапирал своето дете.
Локален жител за „Глобал њуз“ изјавил дека жена, нејзиниот син и терапевт му тропнале на вратата, барајќи засолниште.
„Некои луѓе дојдоа во куќата и побараа засолниште. Тие зборуваа нешто дека таткото побегнал со детето“, изјавил Том Дечичио.
Полицијата наскоро го лоцирала возилото на таткото. Откако се обидела да го запре, дошло до судир меѓу полициски автомобил, камионетот и друго возило. За време на тој инцидент, камионетот удрил и повредил полицаец кој стоел во близина на полициско возило.
Во тој момент, според агенцијата која ја спроведува истрагата, тројца полицајци пукале кон возилото. За време на пукањето, детето седело на задното седиште во камионетот.
Полициските службеници пукале во 33-годишниот татко на детето и тој бил пренесен во болница во сериозна состојба. Полицискиот службеник удрен од камионетот се опоравува во болница во Торонто.
Ново на Сител
-
Соопштение до јавноста oд македонската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања
-
Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести
-
Најмалку 30 загинати и 17 повредени при експлозија на камион-цистерна за гориво во Нигерија
-
Арсовски: Никој не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил
-
СДСМ: Ништо не ги колеба ВМРО-ДПМНЕ да шират лажни вести, нема илегална вакцинација, нема ниту шверц на лекови
-
Приведен 46-годишен маж од Прилеп поради обљуба на малолетничка
-
СП Ракомет: Червар ја „погреши“ тактиката против Аргентина
-
ФА куп: Саутемптон за гол подобар од Арсенал