Живот
3. April 2018 - 17:09

Дете за чудо преживеа 13 часа во канализација: Да не беа суперјунаците, немаше да се спаси

Тринаесетгодишниот Џеси Хернандес, само чудо го спаси од канализационата цевка во Лос Анџелес каде помина речиси 13 часа, пренесуваат американските медиуми.

Хернандес, додека си играл со други деца во една напуштена зграда пропаднал низ дрвените даски на длабочина од 8 метри и завршил во токсичен подземен лавиринт на градскиот канализационене систем, пренесува Си Би Ес Њуз.

Незгодата се случила во неделата попладне. Децата веднаш ги известиле возрасните кои повикале итна служба, а спасителите со камери ги пребарувале канализационите цевки.

-Потрагата која траеше 13 часа беше трка со времето, зошто шансите за преживување се смалуваат во тоа токсично опкружување, рече Ерик Скот од пожарникарското одделение на Лос Анџелес.

Во текот на потрага повеќе од 100 пожарникари ги пребаруваа околу 730 метри долгите цевки од лавиринтот на канализацискиот систем со различна длабочина на водата која се движи со брзина од 24 километри на час.

Спасителите бараа, како што велат со “бетменовски методи“, а го пронајдоа кога видоа отисоци на една канализациска цевка по што на таа локација веднаш ја отворија шахтата.

Детето е пронајдено на околу километар и пол од местото каде пропадна, на длабочина од три метри и е извлечен ос помош на црево, пренесува АП.