Македонија
22. January 2017 - 14:16

Дете претепано со метални шипки во Скопје

Во 19 часот и 15 минути во полиција во Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урадаревски“, 12 годишен малолетник додека се движел со своите другари, бил физички нападнат од страна на неколку малолетници при што едно од нив со метална шипка го удрило во пределот на главата.

Истиот бил пренесен во Ургентниот центар Скопје каде му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.