Македонија
24. November 2020 - 13:58

Дете од градинка во Неготино позитивно на коронавирус, во изолација шест дечиња и двајца вработени

Дете од градинка во Неготино е позитивно на коронавирус, во изолација се шест дечиња и двајца вработени,потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболени се три лица во Кавадарци и четири во Неготино. Се утврдуваат контактите со цел нивна изолација.