Живот
31. July 2019 - 11:23

Дете (3) падна од 6. кат на зграда во Кина: Минувачите го видоа како виси и брзо реагираа, го пречекаа во прекривка

Тригодишно дете кое падна од шестиот кат на зграда во Кина, е спасено зошто станарите и минувачите развлекоа прекривка и го ублажија неговиот пад, јави кинеската државна телевизија, Си Си Ти Ви.

На почетокот на видео снимката, која ја направил еден минувач се гледа како детето виси од тераса на зграда во градот Чунгкинг. Детето се обидело да се качи назад на терасата, но тоа никако не му успевало.

Под него се слушаат повици на група луѓе и се забележува како неколку од нив трчаат напред со прекривка во рацете.

„Прво мислев да го фатам во раце“.

„Го кренав погледот и видов мало дете како виси од терасата. Мојата прва реакција беше да пронајдам нешто со што би го фатил. Прво помислив да го фатам во раце, но сфатив дека од тоа нема да има корист“, раскажува Жу Јанхуи, работник на компанијата која одржува згради во тоа подрачје.

„Ја развлековме прекривката и следевме што се случува со детето. Ја погледнав прекривката и дали можеме безбедно да го фатиме. Единствена моја мисла беше да го спасиме детето“, додаде тој.

Група луѓе стоеја во круг, држејќи ја прекривката и го гледавме детето. Тригодишникот падна од шестиот кат, но покривката го ублажи неговиот пад.

Помина без потешки повреди

„помогнав да се развлече прекривката. Десет секунди подоцна, детето падна. Се се случи многу брзо, вели Зоу Ксиаобо, санитарен работник.

Според информациите во медиумите, луѓето кои го спасиле детето биле станари од зградата, обезбедување и санитарни работници. Соседот детето го одвел во болница, а тоа поминало без потешки повреди.