-->
-->
Детали за затворскиот живот на Кристијан Голубовиќ
-->
Кристијан Голбуовиќ веќе седум дена се наоѓа во притвор цо Централниот затвор во Белград, одредена му е казна притвор во траење од 30 дена, а Телеграф.рс открива како ги минува деновите зад решетки.
Како што дознаваат тој се однесува според куќниот ред во затворот, а собата ја дели со уште тројца затвореници.
Голубовиќ нема посебен третман, иако во затворот пристигна како ѕвезда на реално шоу, со оглед на тоа што беше главен фаворит за победа во Фарма.
- Го посетила само неговата сестра Александра, која му донела пакет со предмети за лична хигиена - кажал извор од затворот.
Кристијан е приведен на 20-ти јануари во Краљево, од каде е однесен на испрашување поради закани кон Тамара Ѓуриќ, а потоа му е одредена затворска казна во траење од 30 дена.
Исто така против него постои правосилна извршна затворска пресуда, која неколку пати е оддложувана, последен пат поради влошена здравствена состојба. На интернет е покрената петиција за помилување на Голубовиќ а до сега е потпишана повеќе од 1.600 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација