-->
-->
Детали за трагедијата во која загина едногодишното детенце во Велес
-->
Едногодишно детенце од Германија вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Велес – Скопје, во близина на Езеро Младост.
Како што вчера беше објавено такси возило управувано од 42 годишниот Ј.Р. од Велес го прегазило детето. Детето излегло од таксито, а возачот не забележал дека стои пред него, го стартувал автомобилот и го прегазил. Родителите и детенцето требале да присуствуваат на свадбена веселба била закажана во мотелот „На Велешко“.
Во незгодата детето се здобило со повреди на главата и со возило на Итна медицинска помош Велес било пренесен во Општа болница Велес, каде од страна на доктор била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатото дете денес ќе се врши обдукција во институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на Јавен обвинител, возилото е однесено на технички преглед во АМСМ Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење