Македонија
2. April 2018 - 22:33

Детали за страотната сообраќајка кај Католичка црква, повреден моторџија

Повреден е моторџија во сообраќајна несреќа која се случи денеска попладнево меѓу автомобил и мотор на булеварот Метрополот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичка црква. По сообраќајката моторџијата е пренесен во Клинички центар каде му е укажана лекарска помош.

Според очевидци до судирот дошло откако возачот на автомобилот се обидел да влезе во спротивната лента и на тој начин прегазил две полни линии.