Македонија
26. March 2018 - 11:24

Детали за сообраќајката во која загина младо момче кај Куманово, повредени две лица

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашната сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 15:05 часот помеѓу автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (27) од село Марино и товарно возило „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Д.А. (43) од с.Волково, скопско.

-Со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде им подлегнал на повредите. Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од с.Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување. Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.