Македонија
21. September 2018 - 20:57

Детали за сообраќајката на патот Прилеп-Крушево, повредени четири лица

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Прилеп-Крушево, потврдуваат од МВР за Курир.
 
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Ауди“ А6, двете со прилепски регистерски ознаки.
 
-Во двете возила имало возач и по еден сопатник кои се пожалиле на повреди, по што се пренесени во прилепската болница, информираат за Курир од МВР.
 
Од 19:30 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива наизменично, со пропуштање на возилата.