Македонија
2. July 2017 - 13:19

Детали за сообраќајката која се случи утрово - жена загина, пет лица тешко повредени

Триесет и шест годишната М.М. од демирхисаркото село Журче го загуби животот во сообраќајна несреќа која утринава во 4 часот се случила на патот Битола – Кичево на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар.

– Сообраќајна незгода се случила меѓу патничко возило марка “БМВ“ управувано од Н.Н. (37) од село Журче, демирхисарско, и трактор марка “ИМТ“ управувано од З.М. (41) исто така село Журче, демирхисарско. Од несреќата, поради тежините на повредите, М.М. (36) сопатник во тракторот починала на пат до битолската општа болница, додека пак 14 годишната С.М., В.М. (63) сопатници во тракторот како и возачот на истиот М.З. се здобиле со тешки повреди, но се надвор од животна опасност, информираат од полицијата. Лицата кои се превезувале со тракторот на членови на едно семејство.

Сопатничката од БМВ-то Н.М. (29) исто така се здобила со тешки повреди, а кај возачот на “БМВ-то“ биле констатирани телесни повреди. Станува збор за сопружници.

На место на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

ФОТО: ТВ Орбис