-->
-->
Детали за сообраќајката кај Ржаничино во која загинаа двајца скопјани
-->
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Скопје-Велес кај селото ’Ржаничино.
Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале автомобили Ауди А4 и Цитроен Саксо, двете возила со скопски регистерски ознаки.
По ударот меѓу возилата, Аудито излетало од коловозот и удрило во оградата од двор на куќа. На лице место животот го загубиле Ш.С. (54) и Б.С. (25), кои се во роднинска врска, додека во ГОБ „Св. Наум Охридски“ на преглед се јавил А.С. (21), но засега нема информации за карактерот на повредите.
Телата на загинатите се предадени на обдукција, а на местото на несреќата извршен е увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето