Македонија
24. July 2018 - 10:42

Детали за сообраќајката кај Мамутчево - повредени 23 лица

Вчера околу 13,30 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај с.Мамутчево, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистерски таблици управуван од Б.А. (54) од Велес и товарно моторно возило „Сканија“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Ј. (31) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 21 патник (од автобусот), а сообраќајот бил во прекин од 13,40 до 15,10 часот.

Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.