Македонија
26. December 2018 - 10:20

Детали за сообраќајката кај Катланово во која загина едно лице

Миниустерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово Г.М.(72) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал.

Извршен е увид на местото на настанот.