Македонија
10. February 2021 - 11:28

Детали за ковид пациентот кој се самоуби со скок од ГОБ „8 септември“

Пациент во Ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ утрово си го одзел животот скокајќи од првиот кат на болницата. Хоспитализиран бил пред пет дена. Од МВР потрдија дека маж роден 1950 година утрово си го одзел животот откако се фрлил од ковид одделот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на 5 февруари 2021 година.