Македонија
8. September 2018 - 12:12

Детали за камионот натоварен со боци што се запали кај Македонска Каменица

Вчера во 14.35 часот во Полициско одделение Македонска Каменица е пријавено дека на магистралниот пат Кочани - Македонска Каменица, пред влезот на Македонска Каменица се запалило товарно моторно возило„Волво“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(55) од Р. Бугарија.

Од страна на возачот е пријавено дека додека го управувал возилото му пукнала предна гума и кога се паркирал покрај патот возилото се запалило кај моторот, под кабината.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа Македонска Каменица.

Извршен е увид на местото на настанот.