Дескоска: Гласот на судството се слуша само за распределба на пари, а тие имаат најмалку право да зборуваат
Министерката Рената Дескоска вели дека гласот на судството се слуша само за распределба на пари, а имаат најмалку право да зборуваат за тоа поради лошите оценки од граѓаните. Во однос на денешниот протест на Синдикатот на УПОЗ рече дека барањето на синдикалците да имаат претставник во Судскиот буџетски совет е легитимно, но тоа не може да се изведе пред избори. Вели дека кога се одлучува за судбината на сите вработени, мора сите страни да бидат претставени.
Дескоска ќе бара зелено светло од Европската комисија за Ветинг во судството и обвинителство. Според неа, подобро криминогените обвинители да бидат отпуштени и да фалат обвинители, бидејќи ако се внатре ќе направат поголема штета.
За Изборниот законик рече дека одржани се две средби и дадени се предлози. А неделава добиваат одговори од институциите и политичките партии.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто