Десетте пензионирани турски адмирали ослободени од притвор
Десетте пензионирани турски адмирали се ослободени откако една недела минаа во притвор заради давањето изјава за важноста на меѓународниот договор од Монтре за Босфор и Дарданелите, јави ДПА.
Судот во Анкара на 10-те адмирали им определи мерка ограничување на патувањата, како и на уште четворица поранешни маринци, јави денеска агенцијата Анадолија.
Според одлуката на судот, на осомничените, исто така, не им е дозволено да ги напуштат своите провинции.
Вкупно 104 поранешни адмирали пред една недела издадоа соопштение во кое предупредија, меѓу другото, дека се против повлекувањето на Турција од Конвенцијата во Монтре. Овој договор од 1936 година го регулира преминот низ Босфор и Дарданелите, теснеците помеѓу Црното Море и Медитеранот.
Во соопштението пензионираните адмирали, исто така, предупредија дека турските вооружени сили мора да ги почитуваат принципите во Уставот, што го вклучуваат секуларизмот, додава ДПА.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган веднаш ги обвини овие поранешни високи воени офицери за навестување државен удар. Почнати се истраги против потписниците на соопштението за сторени кривични дела против безбедноста на државата и уставниот поредок.
Дискусијата за можно повлекување од Конвенцијата во Монтре беше поттикната, меѓу другото, со осудата на Ердоган на Истанбулската конвенција за заштита на жените и со планираниот проект за канали низ Истанбул.
Ердоган дури неодамна истакна дека нема намера да се повлече од Конвенцијата од Монтре.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен