Loading Video...
Свет
11. April 2021 - 16:31

Десетмина уапсени во протестите против рестрикциите во Виена

Десетици луѓе се уапсени на протести во Виена организирани против рестриктивните мерки за сузбивање на пандемијата. На демонстрациите учествуваа 10 000 луѓе.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера најагресивните демонстранти. Во протестите беа повредени повеќе полицајци.

Демонстрациите беа организирани од крајнодесничарските групи.