Loading Video...
Ракомет
10. November 2019 - 16:00

Десеткуваниот Еурофарм убедливо поразен од Спортинг

Вториот македонски претставник во ракометната Лига на шампиони, битолски Еурофарм Работник на дуелот во Лисабон настапи без тројцаца повредени играчи, па исходот во мечот со Спортинг беше неизбежен пораз, но се чини со превисоки 10 гола разлика (36-26)
 
„Денес настапивме без 3-4 ракометари и тоа се почувствува во нашата игра. Можеби ние заслуживме не така убедлив пораз. Од овој натпревари мора да извлечеме поуки и да се подобрите во играта во следните “, истакна по мечот тренерот Стефче Алушевски
 
Следниот меч за битолските „Фармацевти“  е во недела (17 ноември од 17 часот) кога во пред своите симпатизери ќе играат против шведскиот Савехоф.