Десетици загинати во ураганот Ијан во САД
Бројот на загинати од ураганот Ијан во САД се искачи на 27, откако вчера попладне властите на Флорида ја потврдија смртта на неколку лица кои се удавиле, како и други жртви. Според Си-Ен-Ен, на Флорида загинале најмалку 45 лица.
Меѓу загинатите на Флорида има и 22-годишна жена, како и 71-годишен маж.
Уште три лица загинаа во Куба. Вистинскиот број на загинати во земјата се очекува значително да се зголеми откако службите за вонредни состојби ќе успеат да ги пребараат областите најтешко погодени од невремето. Струја се уште нема на повеќе места во земјата.
Откако смртоносната бура предизвика хаос во Флорида, ураганот Ијан вчера се спушти на брегот на Јужна Каролина, поплавувајќи цели населби. Над 55 илјади домаќинства во државата останаа без струја.
Во меѓувреме, Ијан се намали на посттропски циклон.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска