Десетици девојчиња во Иран повторно отруени

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми.
Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница.
Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.
Најмалку „60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“ во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.
Ученички биле отруени и во „пет училишта во Ардабил на северозапад“ каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор.
Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради „истекување на гас“ се затруле и „неодреден број“ основци, јави агенцијата Илна.
Според официјални податоци од 7 март, „повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31.
Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на „строги казни“, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“.
Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените.
Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
