Македонија
31. March 2017 - 8:40

Десет сообраќајки во Скопје, повредени пет лица

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 18 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четири возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 15 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем на глава. Затекнати се и 22 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 64 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.