Здравје
8. February 2017 - 17:30

Десет симптоми кои покажуваат дека неодамна сте имале лесен мозочен удар

Ако мислите дека мозочниот удар е нешто кое се јавува само кај старите луѓе, докторите укажуваат дека тој може да се случи секому. Динамичниот начин на живот во комбинација со неправилна исхрана се едни од главните причинители на оваа појава.

За да се заштитите, научете да ги препознаете првите симптоми, при кои треба веднаш да реагирате.

1. Проблеми со видот

Мозочниот удар може да предизвика двојна слика, замаглена слика или целосна загуба на видот на едното или двете очи. 44% од луѓето кои доживеале мозочен удар кажале дека губењето на видот е еден од позначајните симптоми.

2. Ненадејна главоболка и вртоглавица

Вртоглавицата е значаен знак за мозочен удар кај жените помлади од 45 години. Ако често ви се случува, побарајте медицинска помош.

3. Потешкотии со говорот

Еден од првите знаци за мозочен удар е неврзаниот говор. На почетокот се манифестира како збунетост за време и место, за подоцна да премине во целосно губење на способноста за зборување, што доведува до конфузија.

4. Слабост во екстремитетите

После мозочен удар, екстремитетите обично стануваат послаби, потешко е да се контролираат, или се целосно парализирани. Најчесто страда раката или ногата на спротивната страна на мозочната хемисфера која е зафатена со ударот.

Испружете ги двете раце со дланките свртени нагоре и држете ги во таа позиција 10 секунди. Доколку едната рака почне неконтролирано да ви паѓа, тоа покажува слабост на мускулите, што е знак на мозочен удар.

5. Болка на едната страна од лицето

Болката не е типичен синдром на мозочен удар, но доколку почувствувате ненадејна и силна болка во екстремитетите или едната страна на лицето, тогаш знакот е очигледен.

6. Главоболка и мигрена

Ненадејната и исклучително силна главоболка, која може да се категоризира како една од полошите кои сте ги имале, е чест симптом за мозочен удар. Ваквата болка во комбинација со мозочен удар, најчесто се јавува кај жените, но и кај помладите лица кои пателе од мигрена.

7. Парализа на лицето

Доколку не можете да ги контролирате мускулите на едната страна од лицето, речиси е сигурно дека сте имале мозочен удар.

8. Исцрпеност

Истражувањата покажале дека кај жените мозочниот удар многу почесто се поврзува со симптоми како умор, конфузија, дезориентираност и исцрпеност.

9. Икање

Овој предупредувачки симптом многу почесто се јавува кај жените. Икањето се појавува како резултат на напад на центарот за дишење во мозокот.

10. Отежнато дишење и тахикардија

Отежнатото дишење и недостатокот од воздух се резултат на срцева аритмија. Иако почесто се појавуваат кај жените, ова се симптоми кои во никој случај не треба да се игнорираат.