-->
-->
Десет повредени во пожарот во хотелот „Буши“ однесени во ГОБ „8 Септември“ и на Токсикологија
-->
Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.
Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.
Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.
Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.
Тие потврдија дека пожарот е локализиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ: Во погодените региони од невремето штрајкот во мирување
-
Коза активирала мини во Запорожје - повредени околу 40 руски војници
-
Османи: Францускиот предлог не е одбиен, не го прифативме само делот кој е спорен за нас
-
Силно невреме вечерва во Делчево | ВИДЕО
-
Османи: Нема што да кажат за јазикот па наоѓаат некој преведувач само за да стават дамка на процесот
-
Николоски: Ковачевски во Брисел глумеше задоцнет патриот
-
Кошаркарите ги започнаа подготовките за дуелите со Шпанија и Украина
-
Дејвис куп: Македонија избори опстанок во 3. група