Десет новозаболени од морбили во штипското Инфективно одделение
Нови десет заболени пациенти од морбили се хоспитализирани на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница, Марина Шуманска потврдува дека до вчерашниот ден на оваа одделение имаат десет пациенти, кои се лекуваат од морбили.
Меѓу пациентите има и текстилни работнички од една штипска конфекција, за кои Шуманска не потврдува, но вели дека тие не прават разлика меѓу пациентите и не знаат дали се поврзани едни со други.
-Последните неколку дена имаме хоспитализирано шест нови пациенти со морбили и со постојните четири бројот на хоспитализирани е десет. Двајца пациенти се лекуваат во домашни услови, изјави Шуманска.
Пред девет дена во Штипската болница заврши и шестчлено семејство од Карбинци, кои биле заразени од морбили. Во Штипскиот регион досега се регистрирани 20 пациенти, кои се заболени од морбили и тоа од почетокот на заразата во февруари, кога првиот пациент беше двегодишно дете.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите