Македонија
11. September 2018 - 10:32

Десет мигранти откриени во БМВ во Гевгелија, возачот побегнал

Ноќеска во 01.00 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија, поради редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

При прегледот на  возилото биле откриени 10 лица–мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан.

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф.(35) од с.Студеничани, скопско.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.