Балкан
10. August 2016 - 19:31

Десет лица повредени при експлозија на бомба во југоисточна Турција

Најмалку десет лица - полицајци и цивили, се повредени денеска во експлозија на бомба, која се случила кога преминувал полициски автомобил во југоисточна Турција, пренесе БТА.

Според безбедносни извори, бомбата била подметната од бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Експлозијата се случи во близина на болница во Кизилтепе во округот Мардин.