Македонија
17. November 2019 - 17:00

Десет лица од дискотека во полиција – контрола на МВР откри дрога и насилна младина

Во текот на минатата ноќ, за само шест часа, Министерството за внатрешни работи изрече 416 казни за возачи по разни основи. Дури половина од казните се за возење под дејство на алкохол. Од МВР вршеле контроли на патиштата ширум целата држава.

Со новите законски измени, што би требало да стапат на сила до крајот на годинава, доколку во период од 5 години возачот два пати добие казна за возење под дејство на алкохол, автоматски ќе му се одземе возачката дозвола, по што ќе мора од почеток да ја помине целата процедура за добивање нова дозвола за возење.

Истовремено, во координирана акција во текот на минатата ноќ, МВР и инспекциските служби извршиле контроли во седум дискотеки и ноќни клубови во главниот град. Приведени се 10 лица, а инспекциските служби регистрирале повеќе неправилности при работењето.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека заедно со инспекциските служби ќе продолжат со континуираните контроли на терен.