Loading Video...
Ракомет
10. December 2018 - 14:03

Дербито во СЕХА лигата Вардар – Татран в среда во „Јане Сандански“

 
Ракометарите на Вардар в среда ќе го одиграат последниот меч во оваа календарска година пред домашните навивачи.  
 
Вардарци во СЦ "Јане Сандански", го пречекуваат Татран Прешов во дуел од 12.коло на СЕХА лигата. 
 
Ова практично е и дерби на полусезоната, бидејќи двете екипи се на првите две позиции на табелата, вардарци со победа повеќе (9) во однос на  словачкиот шампион (8).
 
Ако се земе во предвид првата овосезонска пресметка на овие два тима, и на утрешниот меч се очекува неизвесниот, иако благата фаворитска улога ја има актуелниот македонски и СЕХА шампион Вардар. 
 
„Ни претстои натпревар против одлична екипа која игра во Лигата на шампионите. Очекувам тешка средба. Нашата цел е да дојдеме до победа. Ни остануваат уште две средби до крајот на овој дел од сезоната и очекувам да ги одработиме на потребното ниво", изјави Парондо.
 
И капитенот Стојанче Стоилов се согласува дека дуелот со Татран е еден од потешките, но дека црвено-црните ќе сторат се да го добијат со што ќе останат на првото место на табелата. 
 
„Овие мечеви пред крај на сезоната се секогаш тешки. Татран е незгоден противник и треба да го сфатиме сериозно. Потребни ни се две победи за да останеме на првото место", изјави Стоилов
 
Потсетување дека средбата во Брешов одиграна на почетокот на септември заврши со минимална победа на вардарци со 27-26. 
 
Претстојниот дуел меѓу Вардар и Татран Прешов ќе се игра во среда (12.12.2018) со почеток од  20 часот и 15 минути.