Loading Video...
Кошарка
27. јуни 2020 - 15:59

Дербито на Лос Анџелес на самиот рестарт на сезоната во НБА

 
 
НБА лигата го објави распоредот за рестартот на сезоната што ќе се игра во Орландо. 
 
Иако веќе 13-мина кошаркари на последните тестирања се позитивни на Ковид-19 вирусот, сепак во НБА не размислуваат за откажување на сезоната. Напротив. 
 
Администрацијата на лигата го објави распоредот по кој ќе продолжи сезоната. 
 
Според распоредот, првиот натпревар закажан за 31 јули половина час по полноќ, ќе го одиграат Њу Орлеанс и Јута, додека веднаш по него ќе следува големото дерби на Лос Анџелес, односно дуелот меѓи Лејкерси и Клиперси, два тима кои претендираат за шампионскиот трофеј, односно двата тима кои до прекинот на сезоната беа на првите две позиции на табелата во Западната конференција. 
 
Првото дерби од Источната конференција ќе се одигра ден подоцна, односно на 1 август кога ќе се сретнат Милвоки кој има најдобар „скор“ во лигата и трето рангираната екипа на Бостон. 
 
Инаку, во продолжението од НБА лигата, ќе учествуваат вкупно 22 екипи, односно 13 од Западот и 9 од Истокот.
 
Првите седум екипи на Исток и Запад ќе играат во плејофот, додека преостанатите екипи ќе се борат за осмото, последно место кое води во плејофот.
 
Сезоната ќе заврши најдоцна до 13 октомври.