Loading Video...
Свет
27. November 2020 - 16:31

Дер Лајен: ЕУ обезбеди 2 милијарди вакцини против Ковид-19, вакцини ќе има и за граѓаните од Западен Балкан

Европската унија обезбеди две милијарди дози вакцини против коронавирусот на Модерна. Претседателката на Европската комисија соопшти дека вакцини ќе има и за државите во Западен Балкан и дел од Африка. Првите вакцинации најверојанто ќе можат да почнат во декември рече Фон дел Лајен. Во Русија пак почна масовно вакцинирање против ковид 19  меѓу припадници на војската. Вакцината Спутник В до крајот на годината ќе ја примаат 80 000 од планирани   400 000  војници. А британската влада побара од Агенцијата за регулирање на лекови да провери дали вакцината против ковид 19 на Универзитетот Оксфорд и Астра Зенека ги исполнува безбедносните стандарди.

Доналд Трамп ќе ја напушти Белата куќа доколку изборниот колегиум на 14 декември потврди дека Џо Бајден е победник на ноемврските избори. Актуелниот американски претседател и натаму обивнува дека победата му е украдена со измама во изборниот процес. Бајден ќе  положи заклетва како 46 претседател на САД на 20 јануари.

По италијанскиот премиер, и германската канцеларка повика на затворање на ски центрите во целата ЕУ за време на божиќните и новогодишните празници за да се спречи ширењето на коронавирусот.  Бугарија веднаш го отфрли повикот на Конте и Меркел. Министертсвото за туризам соопшти дека ски центрите останаат отворени за посетители. Реагираше и Австрија. Министерот за финансии истакна дека ако ЕУ сака затворање таа треба да ја надомести финансиската загуба.