Фудбал
31. May 2016 - 10:22

Депортиво го отпушти Санчез

Шпанскиот стратег Виктор Санчез повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Депортиво Ла Коруња, потврди клубот од Галиција на својата интернет страница.
 
Депортиво штотуку завршената сезона во Примера ја заврши на 15-то место, успеа да избори опстанок, но Санчез доби отказ бидејќи тимот забележа само осум победи во првенството.
 
„Управниот одбор донесе одлука да ја раскине соработката со Виктор Санчез. Клубот му се заблагодарува на големата посветеност, трудот и професионализмот кој го покажа во текот на целата сезона, во која успеавме да го задржиме прволигашкиот статус“, стои во клупското соопштение.
 
Ла Коруња е првиот тим во кој Санчез беше прв тренер, претходно како асистент работеше во Хетафе, Севилја и Олимпијакос.