Македонија
13. March 2017 - 8:45

Денови на словачка гастрономија

Традиционални словачки предјадења, супи, главни јадења и десерти ќе бидат дел од годинашните Денови на словачката гастрономија во Македонија.

Манифестацијата почнува денеска и ќе трае до 19 март, а ја организира Словачката амбасада.

Како што информира Амбасадата, јадењата ќе ги подготвува готвачот од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка Иван Колембус. Атмосферата ќе ја дополнуваат словачките пива, вина и народна музика.

Деновите на словачката гастрономија се одржуваат во соработка со ресторанот „Пелистер“.